Економија, финансии, бизнис

Контакт

Туск за името: Сега сте блиску до успех

Туск за името: Сега сте блиску до успех

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска на самитот Брдо-Бриони во Скопје за спорот за името меѓу Македонија и Грција кажа дека „невозможното станува возможно“.

Тој смета дека решението за името ќе биде охрабрување за граѓаните, но и за регионот. Туск рече дека е импресиониран од ангажманот и позитивниот став во Скопје, но и дека најтешките предизвици може да се решат. 

„Минатата година слушнав дека е невозможно да се реши ова прашање, но сега сте блиску до успех“- изјави Туск. 

Вели дека цврсто се залагаат за европска перспектива на регионот, и ова вели не се празни зборови туку факт. 

„По комунистичкиот режим немав сомнеж на која страна треба да тргнат граѓаните, но овој избор само вие можете да го донесете, со целосна поддршка на вашите пријатели од ЕУ. На состанокот разговаравме за поврзаноста на регионот со ЕУ, но и на државите меѓу себе. Историјата на Балканот која личи на хорор филм што никогаш не завршува, сепак може да има среќен крај. Она што го гледам со Кореја и со Западен Балкан е дека невозможното станува возможно“- рече Туск.

Што се однесува до гаранцијата дека Македонија ќе стане членка на ЕУ, Туск порача дека ја има целосната негова поддршка, но за ова како што рече тој потребен е консензус во Советот.

Во знак на пријателство и почит, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска зборуваше на македонски. 

Слично

Поврзани вести