(ГАЛЕРИЈА) Туск во Скопје, тет-а-тет со Заев
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска во Скопје ќе учествува на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо – Бриони.
Туск ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. Претходно во 10:00 часот на платото пред Владата на Македонија беше организиран официјален пречек на високата делегација од ЕУ.
Ова е дел од балканската турнеја во чиишто рамки Туск ќе ги посети земјите од Западен Балкан.
фото: Фактор
Слично
