Туск направил што може, но не го убедил Макрон
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск вечерва во изјава за Телма рекол дека не се надева дека на работната вечера ќе се постигне договор за доделување на датум.
Рекол дека направил што може, но нема согласност меѓу земјите членки.
При доаѓањето на самитот, францускиот претседател Емануел Макрон не го ни спомнал проширувањето. Макрон зборуваше за Брегзит и за стратегиската агенда на Унијата за која треба да се расправа на овој самит, а зборуваше и за односите на ЕУ со Турција.
Слично
