Туск доаѓа во Скопје на средба со Заев
Во работна посета на Република Македонија утре ќе биде Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по повод состанок на лидерите на земјите во Процесот Брдо – Бриони.
Туск со висока делегација на ЕУ ќе оствари средба со премиерот, Зоран Заев и владина делегација во Владата на РМ.
Во 10 часот на платото пред Владата на Република Македонија ќе биде организиран официјален пречек на високата делегација од ЕУ предводена од Претседателот Туск, известуваат од Владата на РМ.
Заев и Туск ќе остварат официјална тет-а-тет средба, по што ќе следува и билатерална средба на делегациите на Владата на РМ и на Европскиот совет, велат во известувањето од Владата.
Туск денеска го повика Косово да ги подобри односите со Србија за да постигне напредок кон долгорочната цел за членство во Европската унија. Тој беше во посета на оваа земја.
Слично
