Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУРСКИОТ ВЕСНИК ФАНАТИК - Фенербахче сака од Вардар да направи своја филијала

ТУРСКИОТ ВЕСНИК ФАНАТИК - Фенербахче сака од Вардар да направи своја филијала

Турскиот великан Фенербахче, кој има статус на „балкански Реал Мадрид“ има желба од најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар да направи своја филијала, објави најугледниот турски весник „Фанатик“, додавајќи дека веќе е почната процедурата.

Вардар изминатата сезона доживеа фијаско, па само една година по шампионската титула, 12-та во својата историјата, испадна од лигата со натоварен три ипол милионски долг, па сега со ново раководство планира експресно да се врати во елитата.

Според „Фанатик“, првиот човек на Фенербахче, Али Коч од поодамна најавил дека во регионов бара клуб за своја филјала, практично кој ќе го управуваат од Истанбул, ама ќе им биде извор на нови фудбалери и наводно веќе се почнати преговори за оваа операција.

Весникот посочува дека од вакво партнерство, најмногу е иницирано од фактот дека турската федерација засега сѐ уште не дозволува Б-тимови да се натпреваруваат во турскиот фудбал, па шансата за развој истанбулскиот гигант ја гледа во ваквата соработка. Плус, Вардар во случајов би можел да профитира со добри фудбалери и брзо да се врати на евросцената, а играчите би добиле поголемо искуство пред повторно да се вратат во „балканскиот Реал Мадрид“.

Слично

Поврзани вести