Турски професор: Македонија ќе има повеќе модерни оружја
Со помош на другите членки на НАТО, Македонија ќе има повеќе модерни оружја и за неколку години ќе има добри шанси за прием во Алијансата, смета турскиот професор Наим Бабуроглу во своето излагање на универзитетот Ајдин во Истанбул, пренесува Хаберлер.
Познатиот професор излагаше по повод приемот на Македонија во НАТО со потпишувањето на пристапниот Протокол о ратификацијата на истиот од страна на грчкиот парламент. Тој смета дека главниот мотив на политиката на „отворени врати“ на сојузот кон Македонија е тоа што НАТО се повеќе „сака да ја затвори Русија од исток“.
„Чешка, Унгарија и Полска во 1999 година, Бугарија, Романија, Естонија, Латвија, Литванија, Словенија и Словачка во 2004 година, а во 2009 година Хрватска, Албанија и на крај Црна Гора. Сите овие земји беа примени само поради политиката на „Отворени врати“ на НАТОТ. Сведоци сме на процесот на пристапување на Македонија во моментов. По прифаќањето на членството на Македонија, во наредните 6-7 месеци ќе се води поголемо потиснување на Русија од исток“, вели Бабуроглу.
Професорот очекува Македонија да добие далеку помодерна армија и вооружување и адут во интеграцијата кон ЕУ.
„Македонската треба да се претвори во модерна армија и во иднина. Македонија ќе има повеќе модерни оружја со помош на земјите-членки. Сите поранешни членки на Варшавскиот пакт сега се земји членки на ЕУ. Членство на Македонија во НАТО го отвори патот за членство во ЕУ По ова членство, таа ќе стане членка на ЕУ во годините што доаѓаат ", заклучи тој.
