Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турски „Џеваир Холдинг“ почнува да го гради Сончев град

Турски „Џеваир Холдинг“ почнува да го гради Сончев град
За 15-тина дена инвеститорот „Џеваир Холдинг“ ќе добие одобрение за градба на населбата „Сончев град“, а во тек се и сите потребни зафати за да се обезбеди инфраструктурата на оваа локација, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. „Сончев град станува реалност.Ова е уште еден проект кој ќе придонесе кон дополнителен економски развој, подобрување на животниот стандард и отворање на нови работни места“, додаде Јанакиески. Со планираните активности треба да се обезбеди канализациски систем  за поголем дел од Општина Кисела Вода и водоснабдување  за најголем дел од територијата на Општина Сопиште, а  регионалниот пат за поврзување на Скопје со „Сончев град“, ќе биде завршен најдоцна до првиот квартал догодина. Патот во должина од 4,5 километри ќе чини 412.308.314 денари. Ќе се реализира и проект за изградба на фекална канализација со две делници во населено место Сопиште и населбата „Сончев град“ со одведување кон постојните канализациски мрежи во општина Кисела Вода и општина Аеродром. „Џеваир Холдинг“, компанијата која ги гради најголемите висококатници во Македонија, на локацијата „Сончев град“’ треба да изгради елитна населба со повеќе придружни објекти. „Сите постапки за реализација на Сончев град одат според планот и за шест години, според договорот, инвеститорот треба да ги заврши објектите“, изјави Јанакиески.  
Слично

Поврзани вести