Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турски државјанин фатен на скопскиот аеродром со 116 забни импланти без дозвола

Турски државјанин фатен на скопскиот аеродром со 116 забни импланти без дозвола

Турски државјанин се обидел преку граничниот премин на Меѓународниот Аеродром Скопје нелегално да внесе 116 забни импланти, кои подлежат на посебни дозволи за увоз, соопшти Царинската управа.

Според информациите, царински службеници при контрола на неговиот личен багаж ги откриле непријавените импланти, чија вкупна вредност изнесува околу еден милион денари.

Од Царинската управа информираат дека против осомничениот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“.

Слично

Поврзани вести