Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИ КИДНАПИРАЛЕ ТУРЧИН ВО ШТИП: Со закани барале пари

ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИ КИДНАПИРАЛЕ ТУРЧИН ВО ШТИП: Со закани барале пари

Турски државјани киднапирале сонародник во Штип, а со закани барале пари и од неговата девојка.

Во Штип вчера се уапсени Ч.Т.(50), Ј.Б.Т.(26) и Ј.Џ.Т.(23), сите од Република Турција, со живеалиште во селото Стар Караорман, штипско. 

„Тие се сомничат дека претходно, со уште неколку лица, со употреба на сила го внеле Е.Е.(19) од Република Турција, со живеалиште во Штип, во возило „форд“ и со закани барале пари од него и неговата 19-годишна девојка, исто така од Република Турција со живеалиште во Штип, поради наводен долг за претходно завршена услуга“, соопшти полицијата. 

Полицијата од осомничените одземала возилото, како и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото.

Слично

Поврзани вести