Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турската „НеСа Енерџи“ сака да гради ветерни турбини во Богданци

Турската „НеСа Енерџи“ сака да гради ветерни турбини во Богданци

Писмо за намери што ќе ја конкретизира соработката за градење ветерни турбини во општина Богданци денеска потпишаа заинтересираните турски инвеститори од компанијата „НеСа Енерџи“ и градоначалникот Ристо Ичков.

„НеСа Енерџи“ се грижи за развој, финансирање, реализација и менаџирање на проекти од областа на обновливите извори енергија во Турција, а има претставништво во Скопје.

Доколку се исполнат сите услови за потпишување конечен договор со прифатлива локација и квалитет на ветерот, компанијата е подготвена да изгради 44 ветерни турбини вредни вкупно 130 милиони евра.

Потребните анализи на терен ќе се направат веднаш, а општина Богданци ќе ја почне процедурата за донесување на урбанистичко-планската документација.

Слично

Поврзани вести