ТУРСКАТА ЛИРА ВО УШТЕ ПОГОЛЕМ МИНУС - веќе падна за 77 отсто, а победата на Ердоган утрово додатно и ја урна вредноста
Турската лира утрово потона откако актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обезбеди својата победа на претседателските избори во 2023 година.
Валутата се тргуваше по 19,97 во однос на доларот утринава во 04:00 часот по лондонско време, откако претходно во текот на сесијата се лизна на 20 лири за долар. Лирата изгуби околу 77 отсто од својата вредност во однос на доларот во последните пет години. Сега ова е нов удар за турската валута, а аналитичарите тврдат дека може да дојде до дополнително продлабочување на кризата.
„Имаме прилично песимистички поглед на турската лира како резултат на останувањето на Ердоган на функцијата по изборите“, рече економистот на пазарите во развој и валутен стратег на Wells Fargo, Брендан Мекена, за „Squawk Box Asia“ на CNBC по објавувањето на победата на Ердоган и падот на лирата. .
Аналитичарите проценуваат и дека лирата до крајот на вториот квартал ќе достигне нов рекорд од 23 лири во однос на доларот, а потоа и 25 во следната година.
