Турска донација: Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза добива мобилна клиника
Олеснување на пристапот на здравствените услуги посебно за населението од руралните средини е целта на мобилната клиника која ќе ја добие Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.
Оваа мобилна клиника ќе биде донација од Турската агенција за соработка и координација –ТИКА а истата треба да биде промовирана денеска.
Мобилната клиника според најавите ќе има поголема контрола врз состојбата со туберкулоза.
Она што е предност кај мобилната клиника е и тоа што ќе има пристап кон оние кои не се во состојба да одат во здравстевни институции.
Целата медицинска опрема во клиниката е донација на ТИКА.
Слично
