Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУРИЗАМ ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА: Колкав пад има во Македонија?

ТУРИЗАМ ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА: Колкав пад има во Македонија?

Огромен пад на бројот на туристи во Македонија има во изминатиов период. 

Како што објави Државниот завод за статистика, дури за 99,1 отсто е намален бројот на туристи во април за разлика од истиот период минатата година. 

Бројот на домашните туристи во април 2020 година во споредба со април 2019 година е намален за 97,7 отсто. 

Бројот на странските туристи паднал дури за 99,7 отсто.

Бројот на посетители во април годинава изнесува 741, а бројот на ноќевања е 4.690. Од нив 112 го посетиле Скопје, 97 биле на бања, 335 на езерата во Македонија, а 197 на другите места. 

Од странство имало 171 турист, најмногу од Унгарија (60), Австрија (23) и Полска (21).

За да го спаси домашниот туризам, државата дава ваучери кои ќе може да се искористат до крајот на годината. 

Слично

Поврзани вести