Туристите на удар: Казни и до 2.500 евра доколку на себе го имате ова парче облека
Од планински патеки во Италија до возење во Шпанија и Грција, сè повеќе европски дестинации воведуваат строги правила за носење апостолки за безбедноста на туристите. Апостолките се меѓу најпопуларните летни обувки во светот и тешко дека постои попрактична опција за кратка прошетка од песочна плажа до стан. Сепак, тие не се подеднакво добредојдени насекаде - во некои делови од светот, носењето апостолки може дури и да донесе сериозни казни.
Сè повеќе популарни туристички дестинации воведуваат ограничувања за оваа обувка, со образложение дека претставува ризик за безбедноста на туристите и дополнително ги оптоварува службите за спасување, објавува Дејли Меил. Најстрогите правила важат во италијанскиот регион Чинкве Тере, каде што забраната за носење апостолки, сандали и други обувки со мазен ѓон на планински и планинарски патеки беше воведена уште во 2019 година. Службениците, исто така, најавија проверки, а казните би можеле да достигнат до 2.500 евра. Сепак, Италија не е единствената земја со вакви правила.
Во некои делови од Шпанија, апостолките се дозволени на плажа, но не и додека возите. - Шпанската сообраќајна полиција потврди дека возачите можат да бидат казнети до 200 евра ако службениците проценат дека обувките влијаат на безбедното управување со возилото. Членовите на Гардија Цивил имаат право да одлучат на лице место - предупреди Џејкоб Ведербурн-Деј, експерт за патувања и извршен директор на компанијата Сташер.
Слични правила постојат и во други европски земји. Во Грција, возачите што носат апостолки можат да бидат казнети до 100 евра, во Франција, казните можат да бидат до 375 евра, додека во некои делови од Португалија има ограничувања за оваа обувка.
Некои туристички атракции дополнително воведуваат свои правила. Познатата миланска оперска куќа „Ла Скала“, според Гардијан, забранила влез во облека за плажа, додека бројни луксузни барови и ресторани бараат поелегантна обувка, објавува „Каматика“.
Србијаданас