Туристите и гастарбајтерите се враќаат дома: Почнаа гужвите на границите, ќе биде ли хаос утре
Завршија празниците, почнуваат гужвите на гранините премини. Српските медиуми јавуваат дека има колона возила на влезот во Србија од Македонија и дека патниците чекале на граница и по неколку часа. Низ Македонија поминуваат Србите и другите жители на европските земји кои биле за празниците во Турција, Грција..
Секако низ земјава и Србија треба да поминат со возилата и тие кои живеат во други западноевропски земји а биле дома за празниците. Од граничните служби на Србија за медиумите изјавиле дека поголема гужва може да се очекува попладнето и утре. Инаку најавен е и снег во Србија, а во поголем дел од европските земји веќе има снежни врнежи.
Патниците на групите на Фејсбук известувале дека гужвата на излезот од Унгарија од Србија не е толку страшна, но дека со строги контроли чекале влез во Унгарија со часови.
Овие тврдења ги потврдуваат и патниците кои патувале низ Хрватска. Секако, најголемата гужва допрва ќе доаѓа утре.
Инаку Фактор јави на 21 декември дека има голема фреквенција на граничниот премин Табановце, затоа што печалбарите за празниците се враќаат дома.
Тој ден од полноќ до 15 часот на граничниот премин Табановце, влегле вкупно 2.235 граѓани, од кои 1.551 домашни и 684 странски државјани, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во овој период, излегле 373 лица од кои 212 домашни и 161 странски државјанин. Вкупно на ГП Табановце поминале 2.608 лица, од нив 1.763 домашни и 845 странски државјани.
