Економија, финансии, бизнис

Контакт

Туристичката сезона во прашање: Ноќеска седум земјотреси во Охрид-граѓаните загрижени

Туристичката сезона во прашање: Ноќеска седум земјотреси во Охрид-граѓаните загрижени

Охриѓани се уште се мета на земјотресите.

Тлото продолжи да се тресе и ноќва.

Сеизмолозите регистрираа седум земјотреси а граѓаните не спиеја ни оваа ноќ.

Седум пати тлото во охридскиот регион се затресе а најсилното тресење беше со магнитуда од 4,2 степени по Рихтер четири минути по полноќ.

Епицентарот бил на 9 километри источно од селото Косел на длабочина од  2 километри. 

Следеа уште неколку земјотреси во 00.37 со магнитуда 2.7, во 00.54 часот со јачина 3.5, во 1.02 часот со интензитет од 2.9 степени и во 1.10 часот со јачина од 3.3 степени по Рихтер.

Над 1000 земјотреси се случија во изминативе дваесет дена во охридско-ресенскиот регион, а надлежните смируваат но не откриваат што е причината за толкуте земјотреси регистрирани во оваа околина.

Охриѓани пак покрај тоа што се вознемирени стравуваат дека овие непогоди ќе влијаат негативно и ќе се одразат на туристичката сезона од која многумина вадат леб за цела година.

Слично

Поврзани вести