Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турист го донесе Делта сојот и на Халкидики

Турист го донесе Делта сојот и на Халкидики

Првиот случај на Делта мутација на коронавирусот е откриен и на Халкидики. Објавата е за податоци кои се однесуваат за неделата од 24 јуни до 1 јули.

Според информациите, станува збор за случај што е откриен кај турист.

Инаку во Солун веќе беа дијагностицирани и три нови случаи на мутацијата на Делта, со што вкупниот број во оваа префектурата се искачи на 5 дијагностицирани случаи.

Како што објави ЕОДИ, новите случаи на индиска варијанта во земјата изнесуваат 25, а вкупниот број изнесува 54.


Слично

Поврзани вести