Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУРЦИТЕ НАЈЧЕСТИ ГОСТИ: Колку Срби, Грци, Бугари ја посетиле Македонија во април?

ТУРЦИТЕ НАЈЧЕСТИ ГОСТИ: Колку Срби, Грци, Бугари ја посетиле Македонија во април?

Се зголемил бројот на туристи во Македонија. 

Ова може да се види од податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС). Бројот на туристите во април 2024 година изнесува 81.752, од кои 23 отсто се домашни туристи, а 77 отсто се странски туристи. Бројот на ноќевањата во април 2024 година изнесува 151.720, од кои 28.8 отсто се од домашните туристи, а 71.2 отсто од странските туристи.

Во периодот јануари – април 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 15.3  отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 7.4  отсто, а кај странските има зголемување за 19.3 отсто. 

Од Турција имало 25.324 туристи, од Србија 5.006, од Грција 2.766, од Албанија 1.219, од Косово 1.221, од Бугарија 2.319 гости. Воедно, 3.254 Германци ја посетиле Македонија во април, 1.373 Полјаци, 1.892 Словаци. Од Хрватска имало 2.116 туристи, а од САД допатувале 1.729 посетители. 

Слично

Поврзани вести