Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција повторно донира за поплавените скопјани

Турција повторно донира за поплавените скопјани

Турција повторно донира помош за поплавените семејства од скопско кои на 6 август годинава беа зафатени со поплава. 

Претседателството за раководство со кризи и итни случаи (АФАД) при Владата на Република Турција испрати донација од 500 машини за перење и 500 кујнски сета за настраданите од поплавите, што на 6 и 7 август годинава го зафатија Скопје и околината.

Од Амбасадата на Република Турција соопштуваат дека повеќе турски институции веќе испратиле и продолжуваат со испраќањето на хуманитарна помош.

На врачувањето на донацијата, во просториите на СИНТЕК во Скопје, ќе присуствуваат помошникот претседател на АФАД Хамза Ташделен, претставик од општина Чаир и главниот советник за трговија при Амбасадата.

Турција и претходно донираше за населението во скопско. 

Слично

Поврзани вести