Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУРЦИ, СРБИ, ГРЦИ: Македонија во јануари годинава ја посетиле над 47.000 туристи

ТУРЦИ, СРБИ, ГРЦИ: Македонија во јануари годинава ја посетиле над 47.000 туристи

Македонија во јануари годинава ја посетиле над 47.000 туристи. 

Евидентирани 47.761 турист, од кои 40.4 отсто се домашни, а 59.6 отсто се странски. Податоците ги објави Државниот завод за статистика(ДЗС).  Вкупниот број на туристи во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, е зголемен за 10.1 проценти, a бројот на ноќевањата скокнал за 15.2 отсто.

Во наведениот период, над 5.500 Турци ја посетиле Македонија. Во истиот период, над 3.000 Срби ја посетиле земјава. Грчки туристи имало исто над 3.000. Од Албанија допатувале над 2.500 туристи. Регистрирани се и 1.810 бугарски туристи, како и 1.507 од Косово. 

Слично

Поврзани вести