Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турчин фатен со лажни документи на скопскиот аеродром - Побарал политички азил

Турчин фатен со лажни документи на скопскиот аеродром - Побарал политички азил

Турски државјанин е откриен на скопскиот аеродром со фалсификувана лична карта, па откако му било одбиено барањето да се качи на планираниот лет тој побарал политички азил во земјава.

„На 18.02.2018 година во 10.00 часот на Граничен премин - Аеродром “Скопје“ на влез допатувал А.М.(25) од Р.Tурција со турска  патна исправа. По извршена пасошка контрола и проверка констатирано е дека горенаведеното лице евидира со мерка одземање патна исправа, по барање на Интерпол. Откако турската патна исправа и личната карта се дополнително проверени констатирано е дека се фалсификувани, а во неговиот багаж е пронајдена друга турска лична карта со податоци на име Т.Т.А.(24). По изготвеното Решение за одбиен влез и при обид да биде качен во авион, лицето побарало политички азил во РМ“ соопштува МВР.

Слично

Поврзани вести