Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тупанчевски: Матичари што штрајкуваат не доаѓаат на работа

Тупанчевски: Матичари што штрајкуваат не доаѓаат на работа

Министерот за правда Никола Тупанчевски вели дека се уште има делумен штрајк во Упрвата за водење матични книги и дека работните групи постигнале начелни договори по одредени прашања.

- Мојата последна информација е дека голем дел од претставниците на Управата за водење матични книги работат. Последната проценка на директорот беше дека околу една петтина, или околу 20 до 25 проценти од нив, не работат, брифираше министерот на денешната средба со медиумите.

Дел од оние кои по една недела се уште штрајкуваат, Тупанчевски вели дека противзаконски не доаѓале на работното место.

- Претпоставувам дека го знаете Законот за работни односи. Треба да се штрајкува во просториите каде што треба да се работи, односно треба да се доаѓа на работа. Имаме сознанија и информации дека дел од нив воопшто не се појавуваат на работа. Тоа е работа која треба да се разгледа, додаде тој.

Слично

Поврзани вести