Тупанчески: Во Палермо бев на покана на ФФМ со платена фактура
Министерот за правда Никола Тупанчески на ТВ21 за ClickPlus изјави дека е поканет од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на фудбалскиот натпревар Македонија-Италија во Палермо. Тој не кажа точно кој ги платил трошоците, но рече дека сметките биле навреме платени.
„На покана на ФФМ јас присуствував на натпреварот, но тоа што се нарекува аранжман подготвен и фактура испратена од Агенцијата која го организираше патувањето е платено во временскиот рок кој е предвиден во фактурата“, вели Тупанчески.
Тој вели дека се што побарале од Антикорупциска за настанот им го предал.
„Значи има институции кој што може во секој момент тоа да го проверат, и го проверија“, вели Тупанчески.
Министерот останува на ставот дека не е„Зборуваме за етички кодекс, за етички норми.Нема прекршување на правните норми, нема прекршување на ниту една етичкa нормa“, изјави меѓу другото Тупанчески.
