Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУНТЕВ ПОДНЕЛ ОСТАВКА ОД ДИРЕКТОРСКАТА ПОЗИЦИЈА ВО АЦВ - раководи со оваа институција од 2019 година, доби и втор мандат

ТУНТЕВ ПОДНЕЛ ОСТАВКА ОД ДИРЕКТОРСКАТА ПОЗИЦИЈА ВО АЦВ - раководи со оваа институција од 2019 година, доби и втор мандат

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) Томислав Тунтев поднел оставка од функцијата од лични причини, а Управниот одбор на АЦВ веќе ја констатирал неговата оставка и донел одлука за разрешување од функцијата директор.

Оставката, како што информира, ја поднел на 27 мај, а Управниот одбор на АЦВ ја констатирал на седница на 30 мај.

Тунтев беше директор на АЦВ од 2019 година, а сега се враќа на работа во ТАВ Македонија, каде досега му мируваше работниот однос.

Минатата година неговата позиција како директор во АЦВ беше повторно продолжена, па тој доби уште еден четири годишен мандат. 

Второто именување беше на 09.01.2023 со мандат од четири години, што значи му остануваа уште неполни три години на позицијата. 

Неофицијално медиумите пренесуваат дека оставката е поднесена поради приватни причини. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести