Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тунтев негира дека за два и пол пати се зголемени патните трошоци

Тунтев негира дека за два и пол пати се зголемени патните трошоци

Пратеникот Томислав Тунтев од СДСМ во вечерашното гостување на телевизија Телма изјави дека не било точно дека во Буџетот за 2018 година патните трошоци за пратениците се зголемени за два и пол пати.

„Таа ставка од 1,3 милиони евра не е само за патни трошоци за одење на работа. Тука влегуваат и патувањата на пратениците и вработените и во странство. И ставката не е зголемена за два и пол пати од претходно. Всушност, таа и во Буџетот за 2017 беше 1,3 милиони, но со ребалансот ја намаливме на за 650.000 бидејќи тогаш Собранието не беше толку активно“- вели Тунтев.

Ветуваа кратење на непродуктивните трошоци веднаш откако ќе дојдат на власт, а сега ги дуплираат за свој личен луксуз, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ. 

Слично

Поврзани вести