Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тунтев: Не гледам како Законот за унапредување на јазиците би бил причина за одложување на изборите

Тунтев: Не гледам како Законот за унапредување на јазиците би бил причина за одложување на изборите

Не гледам како Законот за унапредување на јазиците би бил причина за одложување на локалните избори, вели координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев. 

Тунтев вели дека избори ќе има на 15 октомври и претседателот на Собранието треба да ги распише изборите на 6 август.

„Законот е усогласен и тој ќе оди како дел од пакетот закони кои што треба да се достават до Собранието. За одредбите што се однесуваат за парите и за униформите ќе треба да даде мислење Венецијанската комисија“ - вели Тунтев. 

Претходно движењето БЕСА обвини дека со недонесувањето на Законот за јазиците, власта сака да ги одложи локалните избори.

СДСМ не сака да се донесе Законот за јазици оти може да му влијае на рејтингот, а ДУИ ако оди на избори без договорен Закон за употреба на јазиците ќе доживее фијаско на локалните избори, смета пратеникот на БЕСА, Африм Гаши. 

Слично

Поврзани вести