ТУКА СУМ, НЕ ОДАМ НИКАДЕ, ЦВРСТО СТОЈАМ НА ПАТОТ НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИЈАТА! Битиќи замоли да не се шпекулира дека заминува во ВРЕДИ
Откако некои медиуми објавија дека Фатмир Битиќи заминува од СДСМ и оди во ВРЕДИ, на фејсбук се огласи тој, демантирајќи ги објавите
-Ги повикувам медиумите како и политичките субјекти да не шпекулираат и да не објавуваат вести од типот на "неофицијално дознава...".
Моето членство во СДСМ и улогата на потпретседател се вкоренети во вредностите кои ги споделувам со огромен дел од моите сопартијци. Како пратеник достојно ќе ги претставувам сите кои гласаа за нашата коалиција, а останувам и сојузник на сите кои се за искрени внатре-партиски реформи. Заедно со моите сопартијци ќе ги донесеме тие промени.
Тука сум, не одам никаде, цврсто стојам на патот на социјалдемократијата!, напиша тој на Фејсбук.
Слично
