Економија, финансии, бизнис

Контакт

Туфегџиќ вели дека Вељаноски го крши Деловникот

Туфегџиќ вели дека Вељаноски го крши Деловникот

Пратеничката Ивана Туфегџиќ од говорницата во Собранието читаше делови од Деловникот и го обвини и претседавачот, Трајко Вељаноски дека го крши Деловникот. 

Таа ги обвини ВМРО-ДПМНЕ дека повикувајќи се на граѓаните кои протестираат, го попречуваат нивното живеење и живеењето на сите граѓани, со цел да не завршат во Шутка. 

Вели дека при толку реплики на Антонио Милошоски и Илија Димовски, нивната партија мора да има проблем со нив, во спротивно одат против Деловникот. Ако говорникот се оддалечи од прашањето, претседателот, во овој случај, претседавачот го опоменува, а доколку по опомената повторно се оддалечи, му го одзема зборот.

Пратениците се на пауза, по што ќе продолжат со расправата. 

Слично

Поврзани вести