Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУФЕГЏИЌ: Снимката со лопата исклучува било каква поврзаност на таткото Александар Ѓорчевски со грабнувањето

ТУФЕГЏИЌ: Снимката со лопата исклучува било каква поврзаност на таткото Александар Ѓорчевски со грабнувањето

Според адвокатот, Владимир Туфегџиќ, снимката со лопата исклучува било каква поврзаност на таткото Александар Ѓорчевски со грабнувањето на Вања кое се случи во 2023 година. 

„Снимката со лопата е дока кој е предложен и од моја страна и со која се докажува дека на 24 ноевври 2023 година враќањето на Манев и Видевски за да ја земат лопатата, а тоа е денот на неупешниот обид за грабнуваање, исклучува било каква улога на таткото во овој случај и оти сторителите имале јасна цел за егзекуција на личноста која е подоцна и грабната од зградата“, објасни денеска бранителот на Александар Ѓорчевски,  Туфегчиќ.
Рече дека веќе се добиваат јасно контури на сторителите на убиството и се исклучува било каква инволвираност по однос на изнуда и користољубие, односно целосно се исклучува улогата на таткото во овој настан.
„Во дополнението на доказна постапка ќе доставам докази за имот на Александар и постапка која се води за денационализација за значителен имот во Кучково“, вели Туфегџиќ.
Убиствата и грабнувањата на Панче Жежовски од Велес кој имаше 74 години и на Вања Ѓорчевска од Скопје, која имаше 14 години се случија на крајот на 2023 година. 

Слично

Поврзани вести