Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУФЕГЏИЌ НАЈАВИ ПОСТАПКА ЗА ТОРТУРА ВРЗ АЛЕКСАНДАР ЃОРЧЕВСКИ: Tие докази се неспорни

ТУФЕГЏИЌ НАЈАВИ ПОСТАПКА ЗА ТОРТУРА ВРЗ АЛЕКСАНДАР ЃОРЧЕВСКИ: Tие докази се неспорни

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, кој го застапува на суд Александар Ѓорчевски кој е обвинет за помагање при грабнувањето на неговата ќерка, Вања Ѓорчевска најави постапка за тортура на неговиот клиент. 

„Во оваа фаза на постапката се откажавме да се изведе како доказ медицинската документација за извршени прегледи кај мојот клиент Александар Ѓорчевски. Тие докази се неспорни и се составни од кривичниот предмет во претходната постапка, така што, во тој дел немаме ништо спорно. И со тој дел ќе ја насочиме постапката за тортура, пред надлежното јавно обвинителство, кога ќе дојде време за таа работа“, рече адвокатот. 

Тој наведе дека мајката Зорица права навестила дека можеби се работи за киднапирање откако Вања исчезна во 2023 година. 

„Тоа е токму мајката. Тоа е евидентирано во вашите новинарски записи. Два часа по објавата на Фејсбук од страна на мајката земена е изјава од неа за медиуми. Во таа насока, со тоа докажуваме дека на Александар не може да му се става на товар дека тој е првиот што се посомневал дека детето е киднапирано. Тоа било општ впечаток во семејството, имало различни размислувања и стравувања во таа насока, што е многу природно во таква состојба“, објасни Туфегџиќ.

Љупчо Палевски Палчо, обвинет за организирање на грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски на таен канал за електронска комуникација преку апликацијата Телeграм кој бил креиран од него на денот на убиството на девојчето разговарал со Зоран Петковски, член на комисијата за безбедност во партијата „Десна“. Петковски, кој денеска сведочеше пред судот дека на 27 ноември во 2023 година, со Палевски разговарал во раните утрински часови помеѓу 8:20 и 9 часот за набавка на ирански дронови.

Слично

Поврзани вести