Туфегчиќ: Од 15 обвинители, најмалку 5 не се согласуваат со вакво обвинение за „Пулс“
Обвинението за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ е сериозно проблематично и содржи суштински правни слабости, оценија адвокатите Владимир Туфегџиќ и Еленко Миланов во гостување на ТВ21. Според нив, концептот на обвинението е преширок и неправилно ги третира сите опфатени лица како соучесници, иако голем дел од нив во моментот на трагедијата немале ниту директна, ниту индиректна поврзаност со објектот во кој изби пожарот.
Адвокатите сметаат дека ваквиот пристап не кореспондира со основните принципи на кривичното право, особено во делот на утврдување на индивидуална вина, причинско-последична врска и реална можност за влијание врз настанот. Според нив, невозможно е сите опфатени со обвинението автоматски да се третираат како дел од исто кривично дејствие, без прецизна и јасна правна аргументација за секој поединечно.
Владимир Туфегџиќ посочи дека бројот на обвинители ангажирани во предметот е симптоматичен и, според него, не е показател за квалитет, туку за внатрешна несигурност во самиот обвинителен концепт.
„Во овој предмет имате 15 обвинители. Јас лично ги познавам сите и со целосна одговорност тврдам дека најмалку петмина од нив не се согласуваат со ваквиот концепт на обвинението. Тоа го знам, сигурен сум и стојам зад тоа. Но, тие го чуваат тоа за себе“, изјави Туфегџиќ.
Тој направи споредба со Нирнбершкиот процес, каде што, како што рече, за судење за злосторства од светски размери биле ангажирани само четворица обвинители.Во пожарот на 16 март загинаа 63 луѓе, а околу 200 беа повредени.
foto printskrin
