TTK Банка ќе ја исплати годишната камата по каматна стапка од 2,7 отсто на годишно ниво на имателите на корпоративна обврзница од втората емисија
ТТК Банка ќе изврши исплата на годишната камата по каматна стапка од 2,7 отсто на годишно ниво на имателите на Корпоративна обврзница – втора емисија на обврзници со ИСИН MKTTKS200020 и шифра TTKO2.
Исплатата на камата ќе се изврши на 14.02.2022 година.
Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на Корпоративна обврзница-втора емисија на издавачот ТТК Банка АД Скопје во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 13.02.2022 година.
Тргувањето со обврзниците во деновите 10 и 11 февруари 2022 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 362 и 363 денови соодветно, при што купувачот при порамнувањето на 14 и 15 февруари 2022 година ќе треба да го уплати износот на чистата цена + акумулираната камата на продавачот. При ова, купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на Корпоративната обврзница – втора емисија на обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 14 и 15 февруари 2022 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на годишната камата.
ПР објава