Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТТК Банка ќе исплаќа годишна камата на сопствениците на корпоративни обврзници

ТТК Банка ќе исплаќа годишна камата на сопствениците на корпоративни обврзници

ТТК Банка Скопје најави исплата на годишна камата за имателите на корпоративни обврзници. 

Исплатата на главницата и каматата ќе биде извршена на 16 февруари, објави ТТК Банка преку Македонска берза. 

- Согласно Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација:

Известуваме дека ТТК Банка АД Скопjе ќе изврши исплата на главницата и годишната камата по каматна стапка од 2,7% на годишно ниво на имателите на Корпоративната обврзница – втора емисија на обврзници ИСИН MKTTKS200020 и шифра TTKO2.

Исплатата на главницата и камата ќе се изврши на 16.02.2026 година.

Право на исплата на главница и камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на Корпоративна обврзница - втора емисија на издавачот ТТК Банка АД Скопје во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 13.02.2026 година - е наведено во објавата. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: 

РАСПРОДАДЕНА ТРЕТАТА ЕМИСИЈА НА КОРПОРАТИВНИТЕ ОБВРЗНИЦИ НА ТТК БАНКА – еве кој инвестираше во долгорочни хартии од вредност


Слично

Поврзани вести