Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦЕНТАР ОДЛУЧИ: Референдум за ГТЦ ќе има!

ЦЕНТАР ОДЛУЧИ: Референдум за ГТЦ ќе има!

После две години водење битка  конечно гласот на граѓаните ќе биде слушнат. Советниците на Општина Центар пред неколку минути ја изгласаа одлуката ЗА одржување на РЕФЕРЕНДУМ за зачувување на сегашниот изгледот на ГТЦ.

Имено, пресудни беа 12 гласа „за“, за да падне одлука и општина Центар да  распише референдум на кој граѓаните ќе одлучат на изгледот на ГТЦ.

Советниците од коалицијата на СДСМ гласаа за оваа одлука, додека советниците на ВМРО-ДПМНЕ, 11 на број беа воздржани.

Градоначалникот Андреј Жерновски, на седницата предложи амандман со кој што се менува референдумското прашање, односно тоа ќе гласи „Дали сте за тоа да се задржи автентичниот изглед на ГТЦ“.

На референдумот ќе мора половината од гласачите да изгласаат дека се против барокната фасада за да остане ГТЦ каков што е.

Слично

Поврзани вести