Центар нема да ја гради катната гаража кај Нова Македонија
Општина Центар одлучи да го раскине договорот за долгорочен кредит во вредност од три милиони евра со Комерцијална банка за изградба на катната гаража до некогашната НИП „Нова Македонија”. Советниците на општината гласаа да се запре изградбата на катната гаража чии темели во 2013 година ги постави премиерот Никола Груевски.
Одлуката е донесена по предлог на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, кој смета дека општинските пари треба да се трошат на изградба на училишта и градинки.
Согласно донесената одлука, приоритет ќе добие изградбата на ново основно училиште и нов објект на детската градинка „Кочо Рацин”.
Слично
