Економија, финансии, бизнис

Контакт

Труење со храна во Леар - работниците хоспитализирани во тетовската и гостиварската болница

Труење со храна во Леар - работниците хоспитализирани во тетовската и гостиварската болница

220 работници од фабриката Леар во технолошко развојната зона кај Тетово ноќеска се пожалиле на симптоми на труење и се примени во болниците во Тетово и Гостивар.

Тие во 4:40 минути по полноќ се примени во болниците, откако во 1 часот по полноќ вечерале во мензата на фабриката.

По околу 2 часа од вкупно 264 работници колку што биле на работа, кај 220 од нив се појавиле првите симптоми на труење од храна  – повраќање, болки во стомакот, вртоглавица и слично.

Екипи на полицијата извршиле увид во фабриката при што зеле примероци од храната и други траги за вештачење. Тие  работат на целосно расчистување на случајот.

Во моментот пред болницата има зголемено полициско обезбедување.

Слично

Поврзани вести