Економија, финансии, бизнис

Контакт

Труел цело село во општината Петровец со бетонска база

Труел цело село во општината Петровец со бетонска база

Државниот инспекторат за животна средина објави дека е отстранета бетонската база што го загадуваше селото Ржаничино и околината во општината Петровец.

„Инспектор од Државниот инспекторат за животна средина по претставка на граѓани и на барање на општината Петровец, која нема овластен инспектор за животна средина, во неколку наврати во текот на месец март изврши надзор во бетонската база АРАДИКО КОП ДООЕЛ, с. Р’жаничино.

Бетонската база работела врз основа на Елаборат за заштита на животната средина, што Министерството за животна средина го одобрилза проектна документација со предвиден силос за цемент со волумен до 50м3. Но, базата работела со два силоси од по 50 тони, за кој капацитет било неопходно издавање на Б интегрирана еколошка дозвола, што не била обезбедена“, соопшти инспекторатот.
Покрај функционирањето без соодветна дозвола, од базата и од тешките товарни возила се ослободувале емисии во воздухот, бучава и вибрации. Дополнително, вишокот на бетон од цистерните се исфрлал во река.

„По утврдувањето на незаконското работење, извршено е отстранување на бетонската база од локацијата и чистење на реката, како резултат на инспекциската постапка.
Домаќинствата од блиската населба може да здивнат заради отстранувањето на овој загадувач што долги години бил причина за нарушување на нивното здравје и квалитет на живот“, констатира инспекторатот.


Слично

Поврзани вести