Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трпковски меѓу првите ја поздрави идејата: 250 милиони евра годишно ќе ги реши проблемите

Трпковски меѓу првите ја поздрави идејата: 250 милиони евра годишно ќе ги реши проблемите

Стефче Трпковски, градоначалник на Сопиште на денешната дебата на тема Локален економски развој, e меѓу првите раководители на една локална самоуправа кои го поздравија програмскиот проект на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на опозициската партија Христијан Мицкоски, кој најавува 250 милиони евра годишно од буџетот за инвестиции на општините.

- Неколку години чекаме да ги добиеме сите потребни решенија, одлуки, за да почне со работа новата детска градинка. Исто така имаме блокиран процес во реализација на втора фаза од канализацискиот систем во населено место Ракотинци, проект финансиран со средства од Европска инвестициска банка но процесот оди преку Министерство за транспорт и врски“, рече меѓудругото Трпковски.

Според него со идејата на ВМРО-ДПМНЕ за децентрализација на 250 милиони евра годишно и тоа како ќе ги реши проблемите во локалните самоуправи.

- Тоа значи сите капитални проекти кои би се реализирале ќе бидат по приоритет на населението. Поголемиот дел од проектите се од самопридонес или акција на населението во минатото и многу тешко е наеднаш и во краток период да се санираат. Децентрализацијата ќе помогне во ваквите проекти, заклучи Трпковски.

Мицкоски вчера рече дека овие 250 милиони евра ќе бидат „за основни потреби“ на општините. Ова го најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната дебата „Платформа за иднина – Економски принципи“ во рамки на кампањата Важно е! Од тебе зависат промените“. Мицкоски истакна дека сега со оваа влада граѓаните немаат водоводи, немаат канализација, немаат асфалт, нема училишта, нема градинки.


Слично

Поврзани вести