Трпкоски: Материјалите од нафтени деривати развиваат огромни температури за брзо време
Бобан Трпкоски, межународниот противпожараен инспектор, во емисијата „Стадион“ на Канал 77 рече дека материјалите од кои се направени модуларните болници за пациенти заболени од Ковид-19 се од нафтени деривати и за брзо време развиваат високи температури.
„Тоа се материјали направени од нафтени деривати и развиваат високи температури. Се Микс од врел гас и кислород направила самата температира и чекала само една искра. Кога ќе достигне собата 100 степени, ѕидот повеќе не е ѕид, пожарот се префрла во другата соба каде што се прави микс за експлозија“, рече противпожарниот експерт.
Тој додаде дека бил на самото место на настанот и дека објектот во кој изгореа 14 лица во Тетово немал ниту една таканаречена „противпожарна бариера“ која треба да го запре брзото напредување на пожарот.
