Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трпението при крај - Жбогар бара итно профункционирање на институциите

Трпението при крај - Жбогар бара итно профункционирање на институциите

Европскиот амбасадор Самуел Жбогар за време на посетата на Неготино во рамките на кампањата „ЕУ за тебе“ истакна дека мора што побрзо да се формираат институциите и истите да профункционираат.

Жбогар смета дека што поскоро треба да се избере нов претседател на Собранието, а сите политички чинители да се обединат кон единствената цел- евроатлантските интеграции на Македонија.

- Мислам дека е дојдено времето кога сите во државата треба да ја научат лекцијата, дека е време да се формира единство и сите да бидат обединети кон една иста цел. Дојдено е време земјата да се придвижи напред, да се формираат државните институции, да се избере спикерот на Собранието и да се формира Владата. Мислам дека е дојдено време и власта и опозицијата, како и сите луѓе во вашата земја да почнат повеќе да се слушаат меѓу себе за да бидат единствени. Тоа е многу важно за иднината на вашата земја и за процесот на евроинтеграција за кој сме сите заинтересирани да продолжи, рече Жбогар.


Слично

Поврзани вести