ТРПЕ ДЕАНОСКИ ОД УПОЗ ЗА ФАКТОР: Мерките за вработените се спротивни на Уставот, законите и конвенциите за човекови права
Синдикатот на работниците во администрацијата и правосудството, УПОЗ, утре, откако ќе одржи состаноци со своите членки, ќе го објави својот официјален став за најновите рестриктивни мерки кои ги донела Комисијата за заразни болести и кои ќе и бидат предложени на Владата.
Сепак, Трпе Дејаноски, генерален секретар на Синдикатот на УПОЗ, а Фактор го изнесе својот личерн став за најновите мерки кои денеска ги објави министерот за здравство Венко Филипче.
Како што е познато, Филипче соопшти дека Комисијата донела одлука на Владата да и предложи сите вработени во јавниот сектор, во локалната самоуправа, во владините институции за одење на работа да имаат потврда за примена најмалку една вакцина, или да имаат негативен ПЦР тест кој ќе важи 72 часа и кои ќе го прават на сопствен трошок, како и потврда за прележан ковид не постар од 45 дена. Исто така ќе препорачаат задолжителна вакцинација против ковид за сите здравствени работници, нагласи министерот Филипче.
Овие мерки, како што истакна тој, предлагаат да важат 10 дена откако ќе ги усвои Владата, за да имаат време граѓаните да се вакцинираат, а ќе бидат оставени 30 дена за оние 20-30 проценти здравствени работници кои досега не се вакцинираа.
Според Трпе Деаноски, генерален секретар на УПОЗ, овие мерки се спротивни на Уставот, на законите и на светските и европската конвенција за човекови права.
„Прво, Уставот гарантира слобода и право на работа. Во Уставот е наведено дека секој има право на работа, а со овој став на Комисијата, всушност се забранува основното право, а тоа е правото на вработување“, вели Деаноски.
Според него, голем проблем работниците во јавниот сектор ќе имаат и со обврската за правење и покажување ПЦР тестови.
„Еден ПЦР тест како што знаеме, чини 2.000 денари, а во администрацијата просечната плата на вработените е 20.000 денари. Со обврската да се прави ПЦР тест еднаш неделно на вработените во администрацијата ќе им го земат лебот“, вели Деаноски.
Додава дека ние не сме моќна финансиска држава за вработените да можсат да го издржат тој финансиски товар.
„Зошто државата не обезбеди бесплатни брзи тестови за работниците, па секој ден да ги тестира, но да не им го одзема правото на работа“, нагласува Деаноски.
Тој нбагласува дека лично е најмногу за вакцинација, но тоа е право на избор.
„Јас прв се вакцинирав, но тоа е право на избор, тоа е основно човеково право и слобода“, вели Деаноски за Фактор.
Министерот истакна дека препораката е кон овие мерки да се приклучат и приватните компании, за што писмо со барање вакви мерки, како што нагласи Филипче, добиле и од стопанските комори.
Ќе бидат засилени и контролите, во однос на читање на бар кодовите, поради што министерот се надева дека овие поригорозни мерки ќе го зголемат опфатот на вакцинацијата во Македонија.
Н. Н.Ф.