Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тројца починале од срцев удар поради загубите од поплавите

Тројца починале од срцев удар поради загубите од поплавите

Тројца луѓе кои го преживеаја силното невреме во саботата, подоцна починале од срцев удар поради стресот и загубите.

Тие не можеле да се помират со загубата на најблиските, имотот и покуќнината.

„Луѓето во вакви услови се изложени на кризи, кризни состојби, пострауматски состојби и акутни состојби на стрес во народот познати како шок состојби. Во вакви состојби има едни неадекватни реакции. Поминуваат за неколку минути, за неколку часови, неколку денови, но може и да потрајат и неколку месеци“ - изјави Василаки Карапашев од Итната медицинска помош во вестите на Канал 5.

Во поплавите во скопско има 22 мртви, а за исчезнати се водат неколкумина.

Слично

Поврзани вести