Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тројката Вајгл-Кукан-Флекенштајн ќе дебатира во македонскиот парламент

Тројката Вајгл-Кукан-Флекенштајн ќе дебатира во македонскиот парламент

Денес во Собранието на Република Македонија европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн ќе учествуваат на денешните дебати. Тие ќе имаат ќе имаат и нов обид за поттикнување на дијалогот и за враќање на опозицијата во парламентот. 

Во Сообранието ќе се одржи 13. Конференција на парламентарните комисии за европски прашања на државите од ЈИЕ кои се опфатени со процесот за стабилизација и асоцијација (КОСАП).

Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ја отвори конференцијата, а како гости говорници на сесиите покрај тројцата европратеници се најавени и евроамбасадорот Самуел Жбогар, Кристијан Вигенин, претседател на Комисијата за европски прашања и контрола на Европските фондови, амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли, како и министрите за надворешни и за правда на Македонија Никола Димитров и Билен Салији.

Конференцијата има две сесии и тоа за Европските перспективи на Западен Балкан и владеењето на правото во Западен Балкан.

На првата сесија ќе се дебатира за „Европските перспективи на Западен Балкан“, каде покрај Флекенштајн, Кукан и Кристијан Вигенин, претседател на Комисијата за европски прашања и контрола на европските фондови, обраќање ќе има и амбасадор на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар. На втората сесија посветена на  „Западен Балкан владеен од правото“, ќе говорат Вајгл, амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли и министрите за надворешни работи и за правда, Никола Димитров и Билен Салији.

Организатор е собраниската Комисија за европски прашања. На конференцијата најавено е учество на 190 партиципанти од Македонија, Србија, Албанија, БиХ, Турција, Црна Гора и Косово, како и Бугарија, која е актуелен претседавач. Поканети се и претставници на академската заедница во Македонија, четириесетина граѓански организации, како и дипломатскиот кор.

Како што е најавено, на крајот на конференцијата ќе биде усвоена заедничка изјава.

Тројката Вајгл-Кукан-Флекенштајн е во Скопје и за нов обид за поттикнување на иницијативата „Жан Моне“ во близина на Париз, со цел да се врати дијалогот меѓу партиите. Се очекува тие денеска да се сретнат со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, со заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска и со претседателот на Собранието од редовите на ДУИ, Талат Џафери. 

Слично

Поврзани вести