Економија, финансии, бизнис

Контакт

Tројка почина на скопска гинекологија

Tројка почина на скопска гинекологија

Tројка новороденчиња почина на скопска гинекологија.

Пациентката И.М. е хоспитализирана завчера со болки во абдоменот. Таа истиот ден е породена со царски рез со претходно прснат воденик и испадната папочна врвца. Жената била во 27-та недела од бременоста. Направена е примарна реанимација и во инкубатор сите три бебиња биле транспортирани на Одделението за интензивна неонатална нега и терапија. Но,  следниот ден е констатирана смрт на новороденчињата.

Министерството за здравство веднаш формирало комисија за стручен надзор која детално ќе го испита случајот, со цел да утврди дали во целокупниот третман на родилката и новороденчињата е постапено согласно протоколите и медицината базирана на докази.

Слично

Поврзани вести