Тројца возачи од Тетово фатени на Табановце без лекарско уверение
Министерството за внатрешни работи соопштува дека вчера на граничниот премин „Табановце“ биле фатени тројца возачи на автобус, кои не ја поседувале потребната документација.
Од МВР додаваат дека станува збор за лицата кои се предадени на натамошна постапка во Царинската управа.
„Во автобус на транспортна компанија од Тетово било констатирано дека возачот А.Д.(56) од Тетово нема лекарско уверение. При контрола на автобус на транспортна компанија од Данска, било констатирано дека едниот возач Б.Ш.(36) од Тетово немал лекарско уверение, додека другиот возач Б.С. (42) од Тетово немал лекарско уверение и потврда за професионален возач за меѓународен превоз на патници и стока“, се вели меѓу другото во известувањето на МВР.
