Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРОЈЦА ВО СТРУГА, ПО ЕДЕН ВО ПОНИКВА И ВО МАВРОВО - петорица угостители заработиле кривични пријави од Пазарна

ТРОЈЦА ВО СТРУГА, ПО ЕДЕН ВО ПОНИКВА И ВО МАВРОВО - петорица угостители заработиле кривични пријави од Пазарна

Инспекторите имале полни раце работа во текот на продолжениот карантински викенд.

„Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за транспорт, Државен трудов инспекторат и Управата за јавни приходи во текот на продолжениот викенд работат интензивно на терен и вршат контрола на начинот по кој се спроведуваат протоколите пропишани од страна на здравствените власти за заштита од конронавирусот КОВИД-19“, се вели во владиното соопштение.

Државниот пазарен инспекторат денеска до 16.00 часот поднел пет кривични пријави за непочитување на протоколот за работа на угостителските објекти во услови на КОВИД -19, од кои 3 во Струга, една во Пониква, Кочани, и една во Маврово. Исто така денеска инспекторите на Државниот пазарен инспекторат поднеле и четири прекршочни пријави за утврдени неправилности при работењето на угостителски објекти.

Пазарните инспектори се во засилена контрола во туристичките места во државата и вршат надзор на спроведувањето на владините мерки.

Државниот инспекторат за транспорт од направените надзори денеска во Штип, Тетово и Велес не утврдил прекршувања. Констатирано е дека во целост се почитуваат владините уредби.

Од страна на Државниот инспекторат за труд се донесени 4 решенија и 3 укажувања на работодавачите  за носење заштитни маски, заштитни ракавици, користење средства за дезинфекција, проветрување, ослободување на вработените  од ризичните групи. Побарано е веднаш да почнат да се придржуваат кон препораките на Владата.

Инспекторите на Управата за јавни приходи на терен вршат контроли на прометот и дејствуваат едукативно.

Слично

Поврзани вести