Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тројца Скопјани и еден Виничанец нови идентификувани учесници во собраниските нереди

Тројца Скопјани и еден Виничанец нови идентификувани учесници во собраниските нереди

Од МВР денеска соопштија дека во насока на преземени дејства во врска со собраниските инциденти се идентификувани уште три лица. Тројца Скопјанци и еден маж од Виница биле повикани на распит вчера.

„На 22.05.2017 година на разговор биле повикани лицата Д.М. (28) од Виница, И.П. (39), З.З.(47) и Н.П. (37), сите од Скопје. Истите, по извршените разговори се ослободени, а во консултации со Јавен обвинител ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Воедно, по наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес во дом и други простории кај лицето Ј.Л. (41) од Скопје, при што не се пронајдени предмети со кои е извршено кривично дело или потекнуваат од извршено кривично дело. Со Ј.Л., исто така, е изврш разговор по што бил ослободен. Во консултации со Јавен обвинител против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од МВР.

Слично

Поврзани вести