Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тројца повредени возачи на патот Штип-Кочани, девојка префрлена на клиниката во Скопје

Тројца повредени возачи на патот Штип-Кочани, девојка префрлена на клиниката во Скопје

Тројца патници се повредени во тешката сообраќајна несреќа, која синоќа се случила на патот Штип-Кочани. Сите тројца биле возачи.

Девојка на возраст од 30 години од Штип со тешки телесни повреди е хоспитализирана во Клиничкиот центар во Скопје.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека сообраќајката се случила кај Чифличка крстосница во 20:45 часот. Инаку, оваа крстосница е позната црна точка на патот Штип- Кочани.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска потврдува дека синоќа е примено женско лице, но веднаш со тешки телесни повреди е транспортирана во Клиничкиот центар во Скопје.

Сообраќајот на оваа делница синоќа беше во прекин во двата правца, додека траеше увидот. 


Слично

Поврзани вести