Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тројца полицајци од Академијата завршиле на Инфективна поради труење-доручкувале салама?

Тројца полицајци од Академијата завршиле на Инфективна поради труење-доручкувале салама?

Тројца кадети на полициска обука утринава се затруле со храна при што завршиле на клиниките во Скопје.

Утрово околу 8 часот Службата за Итна медицинска помош добила повик дека додека траела утринската смотра полицајци се онесвестиле . Екипи на брзата помош биле веднаш упатени на терен, а на тегоби и вртоглавици се пожалиле  уште 19 други лица .

Лекарите од Брза помош прегледале вкупно 38 лица, но само кај тројца биле констатирани симптоми на труење најверојатно со храна и истите биле пренесени на Инфективната клиника.

МВР во координација со агенцијата за храна од објектот во Центарот каде се подготвува храната за идните полицајци земале примероци за да се утврди која е причината за затрујувањето, а дел од медиумите пренесоа дека тие утринава доручувале салама.

Слично

Поврзани вести