Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тројца починати од Ковид-19 во домашни услови во новата евиденција на МЗ

Тројца починати од Ковид-19 во домашни услови во новата евиденција на МЗ

Министерството за здравство информира дека во текот на минатиот ден починале три лица од Ковид-19, сите во болнички услови, но во евиденцијата се додадени уште пет смртни случаи од 20 септември до 2 октомври, од кои тројца во домашни услови.

„Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13починати лица: 6 починати лица од Скопје (91г, 88г, 79г, 78г,69г и 68г), 3 починати лица од Велес (86г, 72г и 57г) ипо едно починато лице од Прилеп (57г), Тетово (64г),Крива Паланка (78г) и Куманово (74г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 20.09.2021 до 02.10.2021 година. Регистрирани се двајца починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово,Гостивар и Демир Хисар, на возраст од 49 до 86години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови“, информира МЗ.

Инаку во изминатите 24 часа се регистрирани 329 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, а оздравени се 200 пациенти.

Новите случаи по градови се од Скопје – 178, Велес – 27, Куманово – 20, Прилеп – 16,  Штип – 13, Струмица – 10, Охрид – 9, Tетово, Пробиштип и Кочани – по 8, Битола – 7, Кочани и Гевгелија – по 5, Свети Николе - 3, Струга, Ресен, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Кавадарци, Виница, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Новозаразени:329

Тестирани:3.045

Оздравени:200

Починати:18

Вкупно дијагностицирани: 197.091

Вкупно оздравени: 183.227

Вкупно починати: 6.940

Активни случаи: 6.924


Слично

Поврзани вести